INSPO Design & Architecture


Кои сме ние?


Инспо е студио за внатрешно уредување лоцирано во Скопје, Македонија. Студиото е основано во 2018 година од Ивона Митева - магистер инженер архитект со една цел - преку своите идеи да создадеме нови современи, креативни и единствени по својот стил простори.

Цел на тимот

Ние сме млад тим од архитекти, кои што неуморно работат на развојот на сопствените вештини со цел пореален приказ на идеите и доведување до реалност на се она што го визуелизираме. Креираме различен пристап кон секој проект, зависно желбите и потребите на клиентот. Посветени сме на изборот на вистинските материјали, декорации, тип на осветлување и детали кои што го прават секој простор уникатен. Приоритет ни е квалитетот во работата, запазување на зададените рокови, правилно менаџирање со предвидениот буџет и отворена комуникација со клиентите.

Благодарение на тоа што сме млад тим на професионалци, со својот позитивен пристап и силна мотивација за успешно завршена работа, креираме пријателски и долготраен однос со секој клиент.

За подетални информации или доколку сакате да побарате понуда, може да нѐ контактирате.