1. Подготвителна етапа

- посета на објектот
- нашиот тим зема свои мерки и фотографии од просторот кои што се појдовна точка за секој проект
- состанок со клиентот за насоки во однос на намената, потребите, стилот, боите, амбиентот и слично

2. Планско решение

Согласно насоките од клиентот и прикажаните референци, нашиот тим ќе се обиде да го создаде најидеалното решение за вас и тоа да го прикаже на најсликовит можен начин преку 2Д основи, 3Д визуелизации, скици, колажи, mood boards и слично.

3. Техничка спецификација за сите фази

Откако ќе се дефинира дизајнот на просторот, преминуваме на исцртување на технички цртежи за сите фази кои што би биле неопходни за реализација

4. Спецификација на елементи

Во склоп на самиот проект од нас добивате насоки за набавка на неопходните елементи (мебел, осветлување, декорации итн) согласно прикажаниот буџет, како и спецификација за избраните материјали, бои итн.

5. Надзор и изведба

Во договор со клиентот, изведбата и надзорот може да продолжат со нас под услови кои што засебно со секој клиент би ги договориле.

6. Завршеток на проектот

Целта е успешно завршен проект кој што нема да се разликува од претходно прикажаните визуелизации. Наведените чекори се покажале како успешни за остарување на целта – задоволен клиент.

За подетални информации или доколку сакате да побарате понуда, може да нѐ контактирате.